За консултација јавете се на Тел: +389(02)3116-001


Класи на осигурување

Сите видови на осигурување според македонското законодавство официјално се поделени во 23 класи (чл.5 од Законот за Супервизија на Осигурувања - 27/2002), и тоа:

Животно Осигурување

(осигурување на животот, рентно, дополнително осигурување со осигурување на живот, доброволно пензиско осигурување и др.)

Осигурување на живот

(освен она наведено во точките 20-23 од овој член) опфаќа осигурување во случај на доживување,осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.

Здравственото осигурување

Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното здравствено осигурување:

еднократен паричен надомест за инвалиднина; надомест на трошоците за болничко лекување; комбинација на плаќањата од претходните два случаи.

Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода

Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања),во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда, покрива:

исплата на осигурената сума во еден целосен износ; исплата на осигурената сума во рати; комбинација на исплати од претходните два случаи; исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

Дома | За Нас | Животно Осигурување | Неживотно Осигурување | Партнери | Регистар | Контакт