За консултација јавете се на Тел: +389(02)3116-001


Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода

Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања, во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда, покрива: исплата на осигурената сума во еден целосен износ; исплата на осигурената сума во рати; комбинација на исплати од претходните два случаи; исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

Здравственото осигурување

Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното здравствено осигурување: еднократен паричен надомест за инвалиднина; надомест на трошоците за болничко лекување; комбинација на плаќањата од претходните два случаи.

Осигурувањето на шински возила (каско)

Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на шински возила.

Осигурувањето на моторни возила (каско)

Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:моторни возила со сопствен погон, освен шински; влечни патни возила.

Осигурувањето на пловни објекти (каско)

Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или езерски пловни објекти.

Осигурувањето на воздухоплови (каско)

Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на воздухоплови..

Осигурувањето на стока во превоз (карго)

Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.

Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди

Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во случаи на: пожар, експлозија, луња, природни непогоди освен луња, земјиште што тоне или се лизга.

Други осигурувања на имот (домаќинско осигурување)

Домаќинско осигурување

Домаќинското осигурување вклучува повеќе ризици и затоа се нарекува уште и комбинирано осигурување. 

Овој вид на осигурување ги покрива следниве ризици:
Основни опасности (ризици)

  • пожар
  • удар на гром
  • експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
  • луња
  • град
  • одговорност
  • манифестација и демонстрација
  • паѓање на воздушни летала
  • излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
  • и уреди и цевки за топловодни инсталации
  • провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.

Ненаселени станови, се ненаселени без прекин најмногу 2 месеци во текот на годината.

 

Дополнителни опасности
Ако посебно се договори и плати додатна премија, осигурувачот е во обврска да исплати надомест и во случај на штета од дополнителни опасности (ризици) и тоа:

  • поплава, порој и високи води
  • лизгање и одронување на земјиште
  • снежна лавина
  • кршење стакло

Предмет на осигурување кај домаќинско осигурување е:

Дополнителни опасности

Ако посебно се договори и плати додатна премија, осигурувачот е во обврска да исплати надомест и во случај на штета од дополнителни опасности (ризици) и тоа:

  • поплава, порој и високи води
  • лизгање и одронување на земјиште
  • снежна лавина
  • кршење стакло

Предмет на осигурување кај домаќинско осигурување е:


1. Станбени објекти станови и индивидуални згради како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење


2. Стварите на домаќинството кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство

Во ствари на домаќинството се сметаат:

  • стварите кои служат за уредување на станот
  • стварите за лична употреба

Со ова осигурување се опфатени и:

  • готови пари
  • уметнички предмети
  • хартии од вредност
  • скапоцености и збирки

Готовите пари се осигурени само од опасност од провална кражба и разбојништво за време додека се наоѓаат во заклучени вѕидани сефови, каси и сл http://www.essaygobuy.com/

3. Одговорност за штети причинети спрема трети лица


4. Трошоците за нужно сместување на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

Дома | За Нас | Животно Осигурување | Неживотно Осигурување | Партнери | Регистар | Контакт