За консултација јавете се на Тел: +389(02)3116-001


За нас

Мега Брокер А.Д. Скопје е акционерско брокерско друштво со 100% домашен капитал со седиште во Градски Трговски Центар Скопје. Во кое работат стручни и лиценцирани брокери со долгогодишно искуство, со одлично познавање на англиски јазик. Основна дејност на друштвото е посредување во животно и неживотно осигурување. Мега Брокер со голема професионалност и стручност ги застапува своите клиенти, секогаш сме во чекор со измените и надополнувањата во областа на осигурувањето, ги нудиме најповолните пакети за осигурување на своите клиенти, со надеж да станеме Ваш иден партнер. Друштвото работи во име и за сметка на клиентот. Нашите клиентите бесплатно ги добиваат следните услуги: соодветна анализа на ризикот, подготвување на податоци и предлагање на осигурително покритие, обезбедување понуди за осигурување, и посредување во отштетните побарувања на клиентите во нивно брзо решавање и исплата на истите.Мега Брокер има склучено договор со сите осигурителни компании во Македонија кое е согласно Законот за супервизија во осигурување. Мега Брокер има полиса од одговорност од дејност на сума на осигурување од 1.000.000,00евра иако законскиот лимит е 500.000,00 евра.

Дома | За Нас | Животно Осигурување | Неживотно Осигурување | Партнери | Регистар | Контакт